| четврток, 6 декември 2018 |

„Гринпис“ прокоцка донирани пари во милионски износи

Протести против „Гаспром“, „Шел“ или „Валфанг“ – со децении организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ ги полни насловните страници ширум светот со своите смели акции. Формулата која стои зад тоа е – поголемото внимание значи поголеми донации. Но, насловните страници во медиумите од последнава недела ќе им се допаднат на активистите многу помалку. „Гринпис“ се прокоцка, пишуваат медиумите. Конкретно, станува збор за еден вработен во централата во Амстердам, кој сакал да шпекулира со паднатиот курс на еврото и притоа загубил 3,8 милиони евра.

Колку германски пари од донации се уништени во акцијата засега не е познато. Во минатата година половина милион луѓе во Германија донираа пари во „Гринпис“ за заштита на Арктикот од вадење нафта или за борба против атомските централи и термоцентралите. Одговорниот работник за загубата на парите веднаш доби отказ од работа.

„Гринпис Германија“ информираше дека загубата на 3,8 милиони евра настанала како резултат на „сериозна грешка“ во „Гринпис интернешнал“, која е поврзана со осигурувањето против курсната флуктуација. Разгранокот во Германија изрази жалење за загубата и изрази извинување. Вработениот постапил како што не смеел и надвор од неговите овластувања, а според портпаролот на „Гринпис Германија“ Михаел Паули, „контролните механизми во ’Гринпис интернешнал’ не функционирале“.

Милионската загуба е настаната поради проблем во основата на правилата. Централата во Амстердам работи со евра, а канцелариите во земјите ширум светот во националните валути во конкретните земји. Значи, при промената на курсот на валутите настануваат загуби или добивки.

„Секоја година ’Гринпис интернешнал’ се занимава со овие курсни флуктуации“, вели Паули. И покрај вообичаената пракса, во 2013 година беше одлучено да се направи осигурување од ова со купување на валутите по фиксен курс – што во овој случај се покажа како грешка.

Исто така Буркхард Вилке од Германскиот централен институт за социјални прашања (ДЗИ) го знае овој проблем. Доколку девизниот курс е неповолен, тогаш за организациите би настанале огромни загуби за само неколку недели.

„Во одреден степен е исто така неопходно девизниот курс да биде пресретнат“, вели Вилке. Една организација би можела да се заштити преку друга која ги собира парите и сигурно ги вложува. „Но, овде треба да се внимава на границата на шпекулацијата со курсот на валутите и од небрежност да не се премине таа граница“, укажува Вилке. Според него, шпекулацијата започнува таму каде што ќе биде поставена на растечки или опаѓачки курсеви. Вилке забележува дека сега мора да се разјасни „дали загубите настанале бидејќи се сакало да се направи заштита од ризици од промената на девизниот курс или, пак, се настанати бидејќи се сакало да се шпекулира?“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top