Во ноќните часови вчера, во 02:50 часот, во Тетово на ул. „Димо Гаровски Кара“ патничко возило „БМВ Х5“ во кое се наоѓале две маскирани лица вооружени со пиштол му го попречило патот на патничко возило „голф 3“ управувно од Ш.М.(23), а во кое бил и С.Ј.(25), двајцата од с.Арачиново, скопско.
По ова, сторителите излегле од возилото и им го одзеле клучот од возилото, ги извадиле надвор и ги легнале над земја вршејќи претрес во возилото и во облеката, а потоа едно од лицата со пиштолот го удрило Ш.М. во пределот на главата, нанесувајќи му видливи повреди.
По извесен период кога лицата констатирале дека се работи за други лица, со своето возило и со одземените клучеви го напуштиле лице местото.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.