Иван Исцелителот на својот профил на „Фејсбук“ објави информација дека група Кинези во петокот дошле кај него за да побараат помош за малезискиот авион од кој веќе неколку месеци нема ни трага.
– Во петокот кај мене дојдоа група Кинези. Имаше жени со деца, мажи… Сите беа уморни и натажени, ми се претставија и ми рекоа дека чуле дека сум Божји човек и дека им помагам на луѓето од целиот свет и дека тие чуле за моите резултати и добри дела што ги правам, но интересно е што слушнале и прочитале на интернет дека минатата година што сум дал интервју и предвидувања, а сето тоа се остварило. Па тие ми рекоа дека се дојдени за помош, дека нивните роднини биле во исчезнатиот малезиски авион и дали можам да им кажам нешто за исчезнувањето на малезискиот авион и нивните роднини што се возеле во него. И рекоа ако им дадам точни информации, ќе ме наградат со 5 милиони долари – вели Иван Исцелител и додава дека му понудиле вредна награда.
И јас, како и секогаш што им велам на луѓето кај мене сѐ е беспари. Така и на Кинезите им реков, јас не сакам пари ниту награди, јас му служам на Бог заради љубов, а не заради пари и материјална интерес. На Кинезите им реков дека ништо не знам за малезискиот авион и тие тажни и разочарани си отидоа и си велеа толкав пат минавме и ништо, многу беа разочарани, додава Иван.
Откако Кинезите заминале Иван добил откровение каде е малезискиот авион.
– И така денеска седејќи дома и никако да ми излезат од мислите разочараните Кинези и децата со нив и сѐ ми се вртеше таа слика во главата на тажните кинески деца. И решив да побарам информација од Божјиот дух. Клекнав на колена, му се помолив на Бога, го барав Божјиот дух, што се случило со малезискиот авион, а одговорот од Божјиот дух беше: Авионот се урнал, експлодирал во воздух. Го прашав кои се причините за падот, а одговорот беше: 20 луѓе кои биле стручњаци за компјутерска технологија, кои имале доста информации за иновациите со ИТ технологијата, да не ги пренесат во друга земја. Драги мои пријатели, оваа информација од Божјиот дух сакав да ја споделам со вас! – вели Иван Исцелител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.