Уредување на вториот дел на паркот „Македонија“, кој е лоциран спроти зградата на фабриката „Алумина“, ќе почне утре. На почетокот на изградбата на паркот ќе присуствуваат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ, и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски.
Во паркот „Македонија“ досега е изградена една трим-патека долга 700 метри и широка 3,4 метри и една асфалтирана патека долга 300 метри, а широка 2 метри. Во еден дел од паркот е направен и парк за миленичиња со површина од околу 1.000 квадратни метри, кој е опремен со различни содржини за забава на домашните миленичиња.
На дел од трим-патеката на површина од околу 300 квадратни метри се поставени и направи за вежбање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст