Шест работиници загинаа денеска при експлозија и пожар во рафинерија за нафта во градот Ачинск во рускиот сибирски регон Карснојарск. Како што јави ИТАР-ТАСС, при несреќата се повредени седум лица, а две други се водат како исчезнати.
Повредените се здобиле со изгореници и скршеници и се жалеле на проблеми при дишењето. Според прелиминарната истрага, причина за експлозијата било истекување гас. Рафинеријата во Ачинск, град кој се наоѓа на 160 километри западно од Краснојарск, е изградена во 1993 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.