| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Елпида Паковска, балерина од првата генерација на Македонскиот балет

elpidaВо 78-та година од животот почина Елпида Паковска (1936-2014), балерина од првата генерација на Македондскиот балет која ги постави темелите на танцовата уметност во Македонија, соопшти Македонската опера и балет.

– Елпида Паковска зазема почесно место во Македонскиот балет. Таа целиот свој живот го посвети на балетската уметност. Ќе биде запаметена и како човек и како голем уметник, по нејзиниот „Црн лебед“ на Чајковски, по „Заспаната убавица“, „Жизел“, Јулија во „Ромео и Јулија“, Шпањолка во „Болеро“, по трите улоги: Билјана, Бисерка и Бугарка во „Охридска легенда“, Половецка девојка во „Половецки логор“, „Рајмонда“, но и како репетитор во белетските претстави „Жизел“, „Легенда за љубовта“ и „Мирандолина“, информира МОБ.

Погребот на Елпида Паковска ќе биде извршен утре, 17 јуни, во 11.30 часот на градските гробишта Бутел.

Во нејзина чест, во фоајето на Македонската опера и балет в среда, во 11 часот,  ќе се одржи комеморација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top