По кратка музичка пауза Влатко Лозаноски се враќа со нешто ново и свежо.„ Мандарина“ е новата песна на Лозано што ветува да го збогати летото и да биде вистински домашен хит.
Со брз и динамичен поп-ритам, романтична лиричност, сензуалност и емоции со кои е исполнет секој стих од песната, Влатко е во потрага по девојката со вкус на мандарина.
– Особено сум задоволен од песната, а со финализирањето на спотот ќе добиеме одличен производ. „Мандарина“ е песна што разиграноста на љубовниот занес го има вткаено во ритамот, во текстот и токму затоа очекувам да биде вистински летен хит. Со нетрпение ги очекувам реакциите на фановите затоа што многу време, емоции и труд вложивме во нејзиното создавање. Промоцијата на песната и спотот ќе биде за многу скоро време затоа што летото веќе почна, a оваа песна е мојот подарок за сите вљубеници во убавиот разигран ритам – изјави Влатко Лозаноски.
Песната е правена според музиката и аранжманот на Лазар Цветкоски, додека, пак, текстот е потпишан од Магдалена Цветкоска и Милан Миланов Коса.
Во моментов се работи на постпродукцијата на видеоспотот за „Мандарина“, кој ќе биде потпишан од „Горила продукција“ во режија на Огнен Шапкаровски. Влатко и неговиот тим изминатата недела го снимаа видеоспотот. Како локации за оваа љубовна приказна беа избрани градовите Охрид и Струга, каде [to се снимаше на неколку атрактивни локации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.