Три активистки на украинското феминистичко движење Femen ја извеле својата позната „топлес точка” на избирачкото место во Милано, каде што денеска гласаше лидерот на централно-десничарската коалиција Силвио Берлускони.
Според снимките на Rai News24, штом на гласачкото место се појавил Берлускони со неговите телохранители, трите странски државјанки почнале да извикуваат „Баста, Берлускони!” (Доста е од Берлускони!) и го соблекле горниот дел од облеката, останувајќи само во фармерки.
Полициските службеници веднаш ги уапсиле девојките и ги извеле надвор од зградата сместувајќи ги во полициско возило. Како што јавува агенцијата Agi, според првичните информации учеснички во оваа акција се две Украинки и една Французинка.
Овие два дена Италија го избира новиот состав на двата дома на националниот парламент – Сенатот и Домот на пратениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.