| четврток, 6 декември 2018 |

Денес е Ден на татковците

Улогата на таткото во семејството е незаменлива, а денешниот ден е добар потсетник за значењето на семејните вредности. Денес е Ден на татковците.

Според статистиките, присуството и ангажманот на таткото околу децата и сопругата има научно докажано позитивно значење за успехот на децата во училиште, помалку деликвенција, помалку злоупотреба на алкохол и сите други индикатори.

Татковците имаат незаменлива улога во животот на децата. Улога на заштитник, учител и пријател. Тие ги учат децата на многу основни работи од животот, но што е уште поважно тие исто така им пренесуваат на своите деца фундаментални општествени вредности како напорна работа, почит, искреност и одговорност.

В. Брефорд Вилкокс од National Marriage Project на Универзитетот Вирџинија и научен соработник на Институтот за семејни студии ја објаснува улогата на таткото во семејството, врз основа на податоците на студиите и истражувањата на таа тема.

Вилкокс ги објаснил резултатите од една студија, која покажува дека нивото на тестостерон кај мажот се намалува откако ќе стане родител. Ова, како што наведува тој е придоден процес преку кој „мајката природа“ игра улога во тоа да мажот остане со мајката на неговите деца и да биде активен член во семејството.

-Оваа студија покажува дека да се биде татко е голема улога во животот на еден маж, дури и на биолошко ниво, а не како што до сега се сметало, истакнал Вилкокс.

Уште едно прашање, кое е многу важно е тоа дали се менува животот на мажот откако ќе стане татко.

Вилкокс, тврди дека откако еден маж ќе стане татко, поголеми се шансите истиот повеќе да се вклучи во работи кои се општокорисни, од одење во црква па се до подучување на младиот член во семејството.

Што се однесува до растењето на здрава индивидуа, како и улогата на таткото во целиот процест, Вилкокс објаснува дека и мајката и таткото, зедно играат огромна улога во растењето на една здрава, одговорна и социјална индивидуа.

-Стдијата покажа на тоа дека татковците имаат поголем удел во подготовката на детето со „суровоста“ на светот во кој растат. Тоа значи дека ги подготвуваат за предизвици и за тоа како да се справат со нив.  Татковците, истотака имаат голема улога во поттикнување на самоконтрола и самодисциплина кај детето. Статистиките покажаа на тоа дека помали се шансите едно дете да биде деликвент и да заврши во затвор доколку израснало и со мајка и со татко, за разлика кај децата кои растат со самохрани мајки, заклучил тој.

Исто така децата кои растеле со татко, имаат помали шанси подоцна во животот да имаат дисфункционални односи со партнерите и ќе градат здрави цврсти врски.

Секој грижлив татко се труди да им го даде најдобро од себе и да создаде убава иднина за своите деца. Тој безусловно ги сака своите синови и ќерки.

Преку нивните зборови, дела и жртви, татковците играат голема улога во формирањето на карактерите на нивните деца. Времето и вниманието што таткото го дава на децата е незаменливо.

Татковците имаат круцијална улога во животите на нивните деца со предавањето на вредности кои им помагаат на децата да израснат во одговорни луѓе. Со давањето на добар пример татковците им помагаат на децата да постават добри животни темели кои ќе им овозможат донесување на мудри одлуки во текот на нивниот живот. Тие треба да се стремат да ги инспирираат своите деца да водат чесни и исполнети животи и постојано да им даваат љубов и подршка која им е потребна за да ги исполнат нивните соништа.

Таткото преку здрав развој на детето, влијае и на цврстината на семејството како фундаментална општествена институција и на стабилноста на самото општество.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top