| четврток, 6 декември 2018 |

Лана Дел Реј: Посакав да сум мртва

Познатата пејачка Лана Дел Реј во едно интервју изјавила како посакува да умре затоа што и е преку глава од се, пишува „Гардијан“.

Имено, пејачката зборувала за своето проблематично минато и опишала колку тешко успеала да се справи со популарноста.

– Посакав да сум мртва. Не сакав да продолжам да го права сето ова, но крајот сепак ја прифатив реалноста – открила Лана.

На прашањето што точно посакува да прекине да го прави, пејачката одговорила:

– Се! Едноставно така се чувствувам. Да не е така, сега не би ја отворала оваа тема. Знам дека ќе ми беше страв доколку сега навистина требаше да умрам, но… Моето семејство ми кажа: Вауууу, твојот живот е како на филм!, а јас им одговорив : да, целосно вистински зае*ан филм, објаснила Лана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top