Во пресрет на летната туристичка сезона утре почнувајќи од 5 часот наутро, на подрачјето на општина Дојран, ќе се изврши прскање против комарци на површина од 1.000 хектари.
Аеросолната адулитицидна дезинсекција ќе се врши во ридските предели на градот, во централното градско подрачје, на шеталиштето, плажите, покрај регионалниот пат, во горните зони на Нов и Стар Дојран, како и во пределите со трска.
Препаратот што ќе се употреби во запрашувањето против комарците не е штетен за луѓето, флората и фауната. Од општината упатуваат апел само до пчеларите, утре во наведениот термин за прскање да ги преземат неопходните мерки за заштита на пчелните семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.