Од 18 до 22 јуни во скопските кина „Милениум“, „Фросина“ и во Кинотеката на Македонија, како и во Центарот за култура „Григор Прличeв во Охрид, ќе се одржи Седмото издание на Францускиот филмски фестивал.
На него ќе бидат присутни еминентни гости од Франција и ќе бидат прикажани најновите остварувања од француската кинематографија.
Предвидено е да бидат прикажани девет долгометражни, четири краткометражни и еден документарен филм. Фестивалските денови ќе ги затвори актуелниот филмски хит „96 часа“ на режисерот Фредерик Шендорфер, кому ќе му биде доделена Златна маска за животно дело.
Фестивалот на францускиот филм е централна француска културна манифестација во Македонија, но и прва културна странска манифестација во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст