| четврток, 6 декември 2018 |

Слободно пијте македонско млеко

mlekoМакедонските млека се безбедни за употреба. Агенцијата за храна и ветеринарство направи анализа на над 20 примероци од млеко и млечни продукти произведени во Македонија. Сите тие се безбедни. О утре ќе се проверуваат и уште 15-ина други мостри од млеко за да се утврди присуство на афлатоксин.

– Од средата до сега имаме земено повеќе од 20 мостри за кои ни стигнаа резултатите, а има уште неколку чии резултати се чекаат од понеделник. За повеќе од 20  мостри немаме ниту една позитивна на афлатоксин, односно нивото е секаде под максимално  дозволената концентрација од 0,05 микрограми на килограм – изјавува Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата, на прес-конференција на која беа соопштени првите резултати.

Меѓу производителите чии примероци се испитани се Битолска млекара, Здравје Радово, Алпи од Тетово, Идеал Шипка, Бучен козјак, струмичките млекари.

mleka

 

извор: Хоризонт

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top