Фолк пејачката и сопственик на „Гранд продукција“, Лепа Брена покажа дека е вистинска домаќинка кога во петокот навечер подготви гала прослава по повод потпишувањето на договорот со ТВ „Прва“, на која од есен ќе се емитуваат „Звезде Гранда“.
Во вилата на Брена на Бежаниска коса пред педесеттина гости, меѓу кои беа водители и челните луѓе на овие две компании, директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ и директорот на „Прва“, Драган Ненадовиќ потпишаа договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.