-Груевски е мртов. Тој човек мора да замине. Или ќе победат тие, или ќе победи Македонија. Не смееме да дозволиме да живееме во режим и во диктатура – истакна денеска на политичката конвенција во Куманово, лидерот на ЛДП Андреј Жерновски.
Жерновски остро го критикуваше однесувањето на премиерот Никола Груевски пред лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
-Овој човек кој се претставува како голем патриот, погледнете колку е немоќен пред Али Ахмети. Не само што не го смени човекот кој се поклони пред УЧК, туку го постави за вицепремиер. Оној кој молчеше и е командант на УЧК е првиот човек на АРМ – додаде Жерновски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии