Економијата и отворањето нови работни места останува во нашиот фокус. Токму затоа, новиот состав на Владата е дополнително засилен со двајца нови министри чија примарна задача е привлекување на инвестиции, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и макеоднски премиер Никола Груевски во своето обраќање на 23-тата годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-Сакам јавно од тука да нагласам, точно знаеме што сме ветиле и нагласувам дека секој член од новата влада знае дека од ветеното не смее да има отстапување. Мора да се вложат и последните атоми од силата да се реализира она што сме го ветиле. Тоа што е ветено нема назад, тоа е нашата девиза и така ќе продолжиме. Мора да се испорача ветеното. Тоа е нашата работа сега, рече Груевски.
Груевски потенцираше дека продолжува интересот на странските инвеститори за влез во Макеоднија.
-Оваа година очекуваме отпочнување со реализација и градба на повеќе најавени инвестиции. Меѓу нив е и псоледната инвестиција на германската Техникал Текстил, која што ќе отвори фабрика во ТИРЗ Штип, веднаш до ЏОнсон Контролс, ќе вработи над 500 луѓе, а почетната инвестиција изнесува 12 милиони евра. Двете нови германски фабрики во Охрид-Струга, каде работиме на трета поголема иннвестиција и тоа токму во охридски ЕМО, но да не збориме пред рака. Тука е и градбата на американската фабрика во Кичево, италијанската во Скопје, фабриката која треба да отвори 5.000 вработувања во Ранковце и околината и повеќе други, рече Груевски
Груевски потенцираше дека она што особено го радува е што девет компании јавно објавија девет нови инвестиции во Македонија, како конечна нивна одлука која ќе почне да се реализира во оваа година
-Она што е посебно важно е што и по изборите секоја недела примам виски претставници на крупни корпораци кои се дојдени да испитаат што е тоа што во последно време почнува да ја прави хит Макеоднија хит меѓу инвеститорите и покрај тоа што земјата не е членка на ЕУ и НАТО. Заинтересираните инвеститори по средбите со мене одат да разгледуваат локации. Тоа потврдува дека оваа земја, овој народ има иднина, невработеноста ќе продолжи да се намалува со посилно темпо, рече Груевски.
Груевски нагласи дека дадената доверба е најголемиот репер и потврда за патеката по која одат, која не елесна, има потешкотии, но патека низ која цврсто се решени да чекорат, затоа што, како што нагласи Груевски, имаат план и мисија, имаат сила. Груевски потенцираше дека добиената доверба покажува дека народот прави разлика и истиот се одлучи за напредок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


