Момците кои скоро две децении работат заедно како дел од групата „Нокаут“, своето пријателство ќе го потврдат и со кумство.
Владимир Крстевски – Франц го одбра Никола Перевски – Пере како свој кум на неговата свадба.
Според „Вечер“, Пере со задоволство ја прифатил поканата, пресреќен што изборот паднал на него.
Франц, кој пред неполна година се вери со Ема, ќерка на бизнисменот Иван Џо Петрески, во моментов наголемо се подготвува за свадбената церемонија, на која освен Пере, меѓу гостите ќе има и голем број нивни колеги и соработници.
Она што на музички план последно имавме можност да го чуеме од нив беше нумерата „Танго”, со која настапија на “Макфест”, но не успеаја да се пласираат во финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.