Дваесет и осум годишниот Р.Н. од с. Режанце –Качаник, Република Косово заработи кривична пријава поради основано сомнение за сторенo криивично дело тешка кражба, за што од страна на судија му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
Кривичното дело пријавениот го извршил на крајот од минатата година на подрачјето на Чаир во спортската обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана на ул. „Втора Македонска Бригада“ бб во времето од 22 до 8 часот.
Имено, тој најпрво со употреба на тврд погоден предмет ја скинал алката од вратата која со катанец била заклучена, а потоа и со физичка сила делувал на вратата при што ја отворил. Низ така отворената влезна врата влегол внатре и од таму демонтирал три ЛЦД телевизори, меѓутоа успеал да одземе само два телевизори и еден мобилен телефон и го напуштил лице местото.
По извршената крим-техничка обработка, подигнати се траги од папиларни линии. По извршената автоматска обработка на отпечатоците, констатирано е дека истите потекнуваат од пријавениот. Истиот е приведен во ПС ОН “Чаир“ и од страна на ПС од ККР -,,Чаир“ обавен е разговор, во кој разговор истиот го негира извршувањето на кривичното дело. Инаку, против Р.Н. во периодот од 2011-2014 година поднесени се три кривични пријави од областа на имотните деликти (тешки кражби).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)