На подрачјето на Скопје ќе се изврши второто прскање против возрасни форми на комарци во 2014 година, од воздух и од земја. Авионското прскање ќе се изврши денеска и утре од 5.30 до 8 часот. Прскањето од земја ќе се одвива од 15 до 19 јуни, од 23 до 3 часот, наредниот ден.
– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на авионската дезинсекција, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, во истиот термин. Во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција, информира Град Скопје.
Градските власти ги информираат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.