| четврток, 6 декември 2018 |

Осмооделенка од Врапчиште измисли столче за пред компјутер

Пехар и 2.500 турски лири пристигнаа во Врапчиште, Гостиварско, благодарение на осмодделенката Kадире Салии и нејзината замисла за столче наменето за помладите да им држи телото во здрава положба додека седат пред компјутер или пред телевизор.

Идејата за ваков производ засега е само макета, која се очекува да стане сериско производство. Трудот на четиринаесетгодишната жителка на селото беше претставен на првата туркофонска олимпијада за дизајн и иновации за ученици од основно образование, која се одржа од 4 до 8 јуни во Ескишехир, Турција, и го освои првото место за иновација.

– Овој производ е наменет, пред с`, за деца и тинејџери. Освен што има мала тежина, тој е наполно безбеден. Обложен е со меморекс-пена и има ортопедска перница за ’рбетот, а преслечен е со ткаенина што не предизвикува алергии и е антибактериска. Има мала тежина, што е важно за помалите деца. Особено е практична подвижната плоча, која може да биде во неколку позиции – вели Kадире за „Дневник“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top