Одличен старт на Светското првенство имаа и репрезентативците на Чиле, а победена е Австралија со 3-1 за први бодови во незгодната група Б во која се и гигантите Шпанија и Холандија.
Чилеанците како по ноти го започнаа натпреварот и со головите на Санчес и на Валдивија за само 14 минути поведоа со 2-0. Австралијците подоцна во првиот дел се созедоа и со погодокот на ветеранот Кејхил намалија на 1-2. Популарните „кенгури“ се обидоа и да израмнат, пропуштија неколку добри шанси, а во самиот финиш ги казни Босежур со погодок за конечни 3-1.
По првото коло во Б групата Холандија и Чиле имаат по 3 бода, а светскиот првак Шпанија и Австралија се без бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.