| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица повредени во сообраќајка на Илинденска

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која предмалку се случила на крстосницата на булевар „Илинден“ и улицата „Аминта Трети“ (поранешна Ленинова), јавува „Курир“.

ilin

Според првичните информации, до несреќата дошло при судир на „голф“ и „опел корса“, двете возила со скопски регистарски таблички.

Во несреќата повреди добиле две лица кои се пренесени во Ургентниот центар, но детали за нивниот идентитет и карактерот на повредите сѐ уште не се познати.

Полицискиот увид е во тек.

Фото: Курир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top