Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Кристијан Џамбазовски, се обрати пред тур-оператори од Финска презентирајќи ги условите кои ги нуди Владата на Република Македонија за инвестирање во туристичките равојни зони.
– Работиме напорно, процентот на задоволни туристи од посетата на Република Македонија да надмине 90%. Директните средби со бизнис и туристичката елита при посетата на Хелсинки, Финска се мал дел од тие напори – појасни Џамбазовски.
– Агенцијата одржа низа средби со клучните играчи од туризмот од претходно таргетираните држави. Се среќаваме со тамошните туристички агенции, тур оператори и новинари, ја презентираме Македонија со сиот нејзин потенцијал во најубаво светло, подготвуваме дегустација на македонска храна и вино и организираме информативни патувања низ Македонија. Ова е само една од алатките од кои очекувам Македонија да има зголемување на бројот на туристи. Досега интересот е многу поголем од очекуваното. Во преговори сме со неколку значајни нови имиња од туристичката мапа, со што растат шансите бројот на странски гости до крајот на годината да достигне до половина милион. Тоа е енормно зголемување во споредба со изминатите години, додаде директорот на АППТ, Кристијан Џамбазовски.
Директорот Џамбазовски се обрати пред полната сала со тур-оператори од Финска презентирајќи ги условите кои ги нуди Владата на Република Македонија за инвестирање во туристички равојните зони.
На средбата учествуваше и економскиот промотор на Република Македонија за Шведска и Финска, Мирјана Наумоска.
-Агенцијата за странски инвестиции во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот направија успешен настан во Финска. Професионално завршената работа секогаш резултира со успех. Јас верувам во тимската работа и дека само на тој начин можеме да имаме целосен продукт. Скандинавските земји се интересен и финансиски стабилен пазар, отворен за нови предизвици. Во Македонија гледаат голем потенцијал, а на овој начин ние се обидуваме да им ги разјасниме дилемите што ги имаат, да ги поддржиме и правилно насочиме кон целта, рече Наумоска.
Пред повеќе од 25 тур-оператори од Финска, АППТ го претстави туристички потенцијал и можностите кои ги нуди Република Македонија за туризам и странски директни инвестиции.
Ова е второ претставување на Република Македонија на директни бизнис средби. Во наредниот период следуваат и други слични вакви активности за промоција на државата. Пред две недели потенцијалот на Македонија беше презентиран и пред туристичките работници и медиуми во соседна Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се снашол: Претседателот на Финска не можел да најде место на Саем на книга, па седнал на скали
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија