Утре, со почеток во 11.30 часот, на Школка во Градски парк во Скопје, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи концерт. Концертот ќе трае околу еден час, a ќе биде изведена следната програма: Здраво! (Hello – R. Cardon); Концерт за кларинет (Concerto for clarinet – A.Shaw); Странци во ноќта (Strangers in the niht – B.Kaempfert arr. |H. Eminovic); Одведи ме до месеченитата (Fly me to the moon – arr. S. Nesticos); Вчера (Yesterday – J.Lennon and P.M.McCartney arr. C.North); Малото кафено шишенце (Litlle Brown Jug – G. Miller); Караван (Caravan – D. Ellington arr. H. Eminovic); Фламинго (Flamingo – T.Grouya arr. H. Eminovic); Празникот на трубите (Bulgers Holiday – L. Anderson); Розов пантер (Pink Panhter – H. Mancini); Бамболео (Bamboleo – S. Diaz arr.H.Eminovic); Бакнувај ме многу (Besame musho r. Velaskes arr. G. Puckova); Текила ( Tequila – A. Lokatelli arr. V.Platonovic) и Радетскиот марш (Radetski mars – J. Straus).
Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите. На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.