| четврток, 6 декември 2018 |

Велика Британија испрати хуманитарна екипа за оценување на ситуацијата во Ирак

irakБританската Влада испрати хуманитарна екипа во Ирак, со цел да им помогне на луѓето кои бегаат од насилствата во северниот дел на земјата.

Во Ирак ситуацијата е заострена, бидејќи џихадистички бунтовници започнаа да се приближуваат кон Багдад.

Екипата ќе ја процени ситуацијата и ќе се координира со локални партнерски организации, соопшти британскиот државен секретаријат за меѓународен развој.

Засега не е соопштен бројот на хуманитарните експерти и нивната точна локација во Ирак.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг вчера изјави дека засега не е предвидена британска воена интервенција во Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top