| четврток, 6 декември 2018 |

Сцените на Античкиот театар и на Долни Сарај во Охрид добија покрив

На Античкиот театар во Охрид се во тек градежни активности за поставување на покривната конструкција чија цел е да ја заштити сцената од надворешни влијанија.

Проектот за покривање на оваа сцена, кој е дел од годишната програма на Министерството за култура, се очекува да биде реализиран до почетокот на следниот месец кога се очекува на 12 јули, токму на оваа сцена, да биде означен почетокот на најголемата музичко-сценска манифестација, фестивалот „Охридско лето“.

Покрај овој проект, со поддршка од Министерството за култура, во моментов се изведуваат и градежни активности за поставување на  покривната конструкција на сцената на Долни Сарај.

Dolni-saraj-480x320

Покривните конструкции на двете сцени ќе овозможат унапредување на условите за реализација на програмата на фестивалот „Охридско лето“, како и на другите музичко-уметнички настани и манифестации кои се одвиваат во градот во текот на целата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top