Сојузот на стопанските комори, во која членуваат претставници на микро, мали и средни компании, синоќа одбележи 10 години од основањето.
На свеченоста што беше организирана по тој повод, претседателот на ССК, Златко Калеников, истакна дека по десетгодишна успешна работа станале вистински глас на малите и на средните претпријатија.
– Но, тука нема да застанеме. Напротив продолжуваме и понатаму со позасилена енергија во градењето на просперитетно економско општество. По десетгодишната успешна работа, ССК стана вистински глас на малите и средните претпријатија кои се двигател на економијата во Република Македонија – истакна Калеников.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



