| четврток, 6 декември 2018 |

Овој актер не смее да ја потстриже косата – неговите локни се заштитени со договор

Кадравата коса на актерот Кит Харингтон дефинитивно има популарност во серијата „Игра на престолот“. Продуцентите, менаџерите и агентите одлучуваат за должината на косата и неговите локни.

2kit

Ѕвездата од хит серијата „Игра на престолот“, 27 годишниот Кит Харингтон гостуваше во емисијата „Live With Kelly & Michael“ каде се коментираше популарноста на неговата коса.

– Дефинитивно има свој милионски договор – одговори Кит кој во серијата го игра Џон Сноу.

Актерот до неодамна не знаел дека косата не смее да ја потстриже. Кога посакал малку да го освежи својот изглед, дознал дека тоа не смее да го направи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top