| четврток, 6 декември 2018 |

И раскина поради Мик Џегер

бар

Кога ќе се доближиш премногу близу до огнот, редно е да се изгориш. Супер моделот, Бар Рафаели, ја научи лекцијата на потешкиот начин, откако раскина со своето момче поради блискоста со Мик Џегер.

Според гласините Рафаели повеќе не е во врска со бизнисменот Ади Езра откако за време на една приватна забава се опуштила во друштвото на Џегер.

Убавицата провокативно танцувала со познатиот пејач, по што Ади се налутил, ја фатил за рака и ја одвлечкал од подиумот за танцување. По жестоката караницата, двајцата се забележани како одвоено заминуваат од забавата.

бар 2

Џегер неодамна се најде на насловните страни, откако три месеци по смртта на својата долгогодишна девојка Лорен Скот, веќе има нова девојка која може да му биде ќерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top