Едно турско одморалиште со пет ѕвезди од патниците бара да се пријават за уникатна летна работа – шеф на профил на „Инстаграм“.
Така, туристите би можеле да поминат по една недела во „Hillside beach club“ во Фетхије потполно бесплатно, а за возврат мора само да ги ажурираат страниците на социјалните мрежи на одморалиштето.
Хотелот е опишан како „рај на земјата“, а истиот сака неговите туристи да се фотографираат на плажи или лежалки и истите фотографии да ги објавуваат на интернет.
Пријавувањето се одвива преку „Инстаграм“. Сè што треба да се направи е да се објават своите најдобри фотографии од плажа од @hillsidebeachclub со хаштаг #jobatheavenonearth пред 15 јуни.
Работата ќе ја добијат 6 најуспешни кандидати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


