| четврток, 6 декември 2018 |

Во Русија се појавија патриотски чоколадни бонбони (ФОТО)

Компанија од Новосибирск во Сибир почна со производство на нов вид чоколадни бонбони со провокативен назив, „Крим. Само пробај да земеш“.

bonboni

На амбалажата на бонбоните се наоѓа лик, кој потсетува на Супермен во бои на руското знаме.

Додека во позадина има мапа на полуостровот Крим. На рекламните плакати за бонбоните пишува: Дури и кога нашата држава носи тешки одлуки, ние не престануваме да се смееме. Затоа што сме Руси“.

Портпарол на компанијата „Чоколадна традиција“ призна дека бонмбоните не се продаваат ништо подобро од останатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top