| четврток, 6 декември 2018 |

Со указ на лидерот: 18 дозволени фризури за Ким Јонг стајл

Севернокорејските власти со бизарен указ одредиле 18 типови на женски фризури кои се дозволени за жените за да се „спречи користењето на западен стил“.

Фотографиите на типовите на дозволени фризури стојат на ѕидовите на фризерските салони, а жените имаат право да одберат една од варијантите. Но и овие 18 фризури не важат за сите жени. На мажените им се „препорачува“ да одберат кратка коса или трајни локни додека шнолите и шишките им се дозволени само на девојките.

Мажите пак имаат на располагање дури 10 типови фризури, а им се препорачува да се стрижат на секои 15 дена. Должината на косата е лимитирана на пет сантиметри кај помладите, додека кај старите до 7 сантиметри.

Законот на лидерот единствено не важи за првата дама која носи фризури надвор од „социјалистичкиот стил“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top