| четврток, 6 декември 2018 |

Во Србија секој втор ден по еден доктор на науки

србија
Во Србија бројот на академците на докторските студии од 2007 до 2012 година се зголеми за дури осум отсто, додека бројот на новите доктори на науки во
истиот период тројно се зголемил, пишува српскиот весник „Блиц“.
Во 2007 година докторскиот труд го одбраниле 206 студенти, а во 2012 година тоа го сториле 770.
Иако просветните власти се задоволни поради ова зголемување, бидејќи сметаат дека тоа е напредок во образованието на населението, загрижува тоа што до ненадеен пораст на докторите на науки дошло паралелено со експанзијата на приватни факултети и отварање на различни дисперзирани одделенија на државните и приватните факултети ширум Србија, додава „Блиц“.
Според извештајот на Националниот совет за науки, само во текот на една година од Стопанската акаедмија на Нови Сад излегле 200 доктори на науки, а слична статистика своевремено забележа и Европскиот универзитет Белград.
Весникот нагласува дека статистички гледано тоа значи дека приватните универзитети секој втор ден давале по еден доктор на науки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top