| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: ракометарите на Металург сигурно втори

Утрешниот меч со Силекборг нема важност, а нашиот ракометен првак за противник во 1/8 финалето ќе ги добие Ателтико Мадрид, Чеховски Медведи или Динамо Минск

Добра позитивна разврска за Металург во Ц групата од ракометната лига на шампионите. Иако нашиот првак денеска не игра, утре има меч со Силекборг, јасно е дека ќе заврши како втор во конкуренцијата и во вторник при жрепката за осминафиналето може да бира меѓу Атлетико Мадрид на Кире Лазаров, рускиот првак Чеховски Медведи и белорускиот познаник Динамо Минск.

Ова откако попладнево се одигра дуелот во Велење во кој Киелце го победи Горење со  29-25 по што македонскиот првак утре од 17 часот во Борис Трајковски не мора, не е под императив од два бода со Данците. В недела има уште една средба од 10. коло во третата конкуренција: Шамбери-Санкт Петербург, но таа е само за избегнување на дното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top