Досега се сметаше дека мажите веднаш сакаат да преминат на главното…Дали навистина е така?
Предиграта главно се поврзува со понежната половина, но најновите истражувања покажуваат дека и мажите сакаат да си поиграат пред „главниот чин“. За истражувањето за Glamour магазинот, дури 88 отсто од мажите се изјасниле дека ја сакаат предиграта.
Од 200 испитаници, 18 отсто изјавиле дека за предиграта издвојуваат половина час време. Но, она што изненадува е дека една третина од мажите се изјасниле дека би им пријало доколку предиграта трае повеќе.
Мажите исто така би сакале и половиот однос да трае подолго, а идеално време би било 20-30 минути. 16 отсто од жените учеснички во истражувањето направено од секс експертот Трејски Кокс изјавиле дека им е доволен секс од 10-15 минути
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



