Од гаражите на Министерството за внатрешни работи на Србија исчезнал автомобил „бентли“, сопственост на најпознатиот српски наркодилер Дарко Шариќ, пренесува српски „Курир“.
Откако му бил одземен на Шариќ, Управата за сообраќајна полиција го добила автомобилот на користење, вреден околу 250.000 евра.
Повикувајќи се на сопствени извори, весникот објавува дека врвот на српското МВР, поточно Управата за криминалистичка полиција, веќе покренал истрага за исчезнатиот луксузен автомобил.
– Се знае дека познатото „бентли“ е дадено на користење на Управата за сообраќајна полиција и нејзиниот доскорашен началник Драгиша Симиќ. Тој кон возилото се однесуваше како да е негова приватна сопственост. Никој друг од Управата немал можност да го користи. Во текот на истрагата било утврдено дека на возилото му се сменети регистарските таблички, што буди сомнеж дека некој сакал да ги скрие трагите на автомобилот и да си го присвои. Но, сѐ ќе се дознае и истрагата ќе обезбеди одличен материјал за обвинителството – открил извор на „Курир“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил