| четврток, 6 декември 2018 |

Снежно невреме во Хрватска

sneg

Ново снежно невреме синоќа и утрово ги зафати западните и централните делови на Хрватска, а снег падна и на крајбрежјето и на островите. Во Риека има 17 сантиметри снег, што значително го отежна одвивањето на сообраќајот, додека во Загреб се измерени 25 сантиметри снег.

На повеќето патни правци прогласени се зимски услови, односно забранет е сообраќај за камиони со приколки и шлепери со полуприколки, додека останатите возила мора да поседуваат зимска опрема.

Поради снегот, автобусите од Далмација кон Загреб доцнат околу 90 минути, додека железничкиот сообраќај се одвива без потешкотии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top