Дожд проследен со силен ветер ја погоди Струга попладнево. Неколку дрвја паднаа на две локации на патот Струга – Ќафасан, по што сообраќајот беше блокиран и се одвиваше отежнато, објави „Охрид прес“.
Локалниот портал strugalajm.com јавува дека поради паднати дрвја, во близина на компанијата „Набизи“ сообраќајот е блокиран од двете насоки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.