| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца демантира дека се гледа со Мило Ѓукановиќ

Вчера во еден дневен весник во Србија беше објавено дека Светлана Ражнатовиќ се почесто се дружи со Мило Ѓукановиќ и дека кај него во Подгорица обично останува по два дена. Во текстот стои дека Мило одвреме-навреме доаѓа кај цеца во белград и дека неговите посети на Србија не се забележани како официјални посети на премиер, туку е во посета на својата пријателка и ужива во нејзиниот глас.
-Имам доказ дека последен пат во Црна Гора сум била на 4 август минатата година кога имав настап во„Top hil“. Со самото тоа јасно ви е дека тоа е измислица дека во текот на последниве неколку месеци со приватен авион сум одела во Подгорица. Јас не сум невидлива. Како може да ја преминам границата и тоа да не биде забележано. Тогаш во бечичи бев два дена со децата, а моето следно доаѓање во Црна Гора е на 12 јуни кога во бар имам настап, рече пајачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top