| четврток, 6 декември 2018 |

„Рок-кор Орфеј“ – 50-годишно рокерско живеење во Македонија

kango

Пред Младинскиот културен центар во Скопје в четврток ќе се слави 50-годишното рокерско живеење во Македонија. Организатор на рокерската ноќ е рок-академијата „Рок-кор Орфеј“.

Претседателот на академијата, Константин Икономов, денеска на прес-конференција најави дека како еден од постарите членови ќе настапи со колегите од неговото време, за, како што рече, да ги потсетат младите како тие музицирале.

Симеон Иванов-Канго од рок-академијата „Рок-кор Орфеј“ истакна дека академијата е активна со децении.

Влатко Плевнеш изразувајќи задоволство за учеството на рокерската ноќ рече дека ќе даде поддршка со неговата професионалност и музичка едукација.

Дејан Шкартов, познат како Дејан Камче-Камчињата, најави заживување на групата „Коцка лед“, која постоеше од 1978 до 1982 година.

– Куруозитет е што в четврток ќе ја изложиме органата од групата, која фактички е една од органите, која има најдолна километража во рокенрол-животот во Македонија. Сведоци сме како Македонија денес со крупни чекори оди напред, но сето тоа мора да се надополни со реконектирањето со нашата историја – рече Шкартов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top