| четврток, 6 декември 2018 |

Пепер – прв робот кој има чувства

Јапонската компанија „СофтБанк“ планира на почетокот на 2015 година на пазарот да претстави хуманоиден робот за лична употреба, што ќе биде способен да искажува емоции.

Роботот Пепер на пазарот треба да се појави февруари 2015 година. Тој е предвиден да служи како дадилка, медицинска сестра или пријател за забава, а меѓу другото ќе биде способен за учење и изразување емоции.

Цената на Пепер ќе изнесува 1.900 долари.

– Ќе биде способен за учење и искажување емоции, изјави извршниот директор на „СофтБанк“, Масајоши Сон, за време на претставувањето пред јавноста на хуманоидниот робот.

Компанијата „СофтБанк“ со овој робот планира да го прошири своето работење во секторот, што се смета за еден од клучните за решавање на проблемот со недостигот на работна сила во општеството, кое забрзано старее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top