Јогуртот, бадемите и оброците без стрес ја спречуваат прекумерната телесна тежина, потврдиле новите истражувања. Една шпанска студија тврди дека ако консумирате јогурт два пати дневно, значително го намалувате ризикот од дебелеење. Но, многу е важно да ја прочитате декларацијата затоа што некој лајт јогурт има многу повеќе калории од обичниот поради големата количина шеќер што ја содржи.
Така јогуртот во комбинација со медитеранскиот начин на исхрана ја добил титулата на одличен додаток на исхраната кој ги намалува килограмите.
Наместо грицки, за ужина се препорачуваат до 43 грама бадеми. Оброкот би требало да се јаде на маса, без брзање, затоа што на тој начин го намалувате нивото на стрес. Го штитите вашето здравје и се грижите за вашата добра линија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.