| четврток, 6 декември 2018 |

Откриено што не прави дебели

Zdravje89-debeli-740x320-topНајновото истражување потврди дека белиот леб е главен виновник за вишокот тежина. Истражувањето го спровеле научниците од Универзитетот во Навара, кои пет години ги следеле навиките за исхрана на скоро десет илјади луѓе.

Резултатите покажале дека е доволно едно парче леб дневно за двапати да се зголеми ризикот од прекумерна телесна тежина. Ако веќе не можете без леб, тогаш јадете го оној со цели зрна и житарици, бидејќи тој докажано помалку дебелее за разлика од белиот леб.

Поентата е всушност во фактот дека белиот леб ја нема таа енергетската вредност да не држи сити долго време, за разлика од лебот со житарици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top