
„Apple iPhone 5“ беше најпродаваниот мобилен телефон во последните неколку месеци на 2012 година, со што го тргна од тронот „Samsung Galaxy S3“.
Според најновите податоци на порталот „Strategy Analytics“ „iPhone 5“ е првпат на првото место на најпродавани мобилни телефони во светот. Ова поради квалитетниот екран на допир, глобалната дистрибуција и великодушните тарифни пакети на операторите. Последните месеци се испорачани 27,4 милиони iPhone 5 телефони ширум светот, со што овој телефон зазема 13 отсто од комплетната, глобална испорака на паметни телефони. Покрај тоа, „Apple“ испорачал 17,4 милиони „iPhone 4S“ модели, кои чинат 8 отсто од глобалниот удел. „Samsung Galaxy S3“ го зазема третото место со 15,4 милиони продадени телефони, со што зафаќа 7 отсто од пазарот.
Овој телефон одамна стана популарен меѓу корисниците и операторите ширум Северна Аерика, Европа и Азија, но глобалната побарувачка за овој уред доживеа колуминација. Се зборува дека „Samsung“, наскоро го подготвува претставувањето на „Galaxy S4“ моделот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


