| четврток, 6 декември 2018 |

„Јети екстрим“ – компактен теренец со амбиции за рели

Набрзо по најавите за новиот модел чешката автомобилска компанија „Шкода“ го претстави новиот прототип „јети екстрим“, кој, според карактеристиките, многу лесно може да ја види светлината на денот

Моделот беше претставен во Австрија, на брегот на Врпско Езеро. Опишан како компактен теренец со амбиции за рели, мат сивиот „јети“ го карактеризира агресивната линија со големи вшмукувачки цевки за воздух во предниот браник. На автомобил за рели потсетува преку проширените калници на крилата и специјалната заштита на долниот дел од автомобилот. Овој автомобил е опремен и со опција за подигање и за спуштање на целата каросерија.

Auto91-skoda-yeti-2

Сопирачките се земени од „октавија РС“, додека автомобилот ќе се движи на 17-инчни тркала на кои се монтирани гуми за теренец.

Внатрешноста доби четири посебни седишта „рекаро“ на кои има сигурносни ремени со четири точки на врзување. Вратите се направени од карбон, а подвозјето е од алуминиум.

Auto91-skoda-yeti-3

Под капакот за моторот се наоѓа 1,8-литарски бензински агрегат со четири цилиндри и со турбина, што развива 150 коњски сили и 250 њутн-метри.

Преносот на силата се врши преку шестостепен автоматски менувач со две квачила на сите четири тркала, односно на двете осовини.

„Јети екстрим“ од нула до 100 километри на час забрзува за девет секунди, а неговата максимална брзина изнесува 192 километри на час.

Сериското производство се очекува во првата половина на 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top