| четврток, 6 декември 2018 |

Најсексапилните ќелави мажи (ФОТО)

Многу познати личности со години градат имиџ на својата ќелавост, која ги прави уште посекси. Ова се најпопуларните ќелави мажи по кои воздивнуваат жените.

1) Семјуел Л. Џексон

Семјуел Л. Џексон е најплатен актер на сите времиња, а неговите филмови заработуваат и до 8 милијарди долари. Актерот исто така, доби и номинација за Оскар за неговата улога во филмот “Евтини приказни”.

samuel

2) Мајкл Џордан

Најуспешниот кошаркар на сите времиња е познат не само по неговите кошаркарски вештини, туку и по својата фризура.

majkl

3) Двејн Џонсон

Покрај тоа што со годините е се понабилдан, за да биде уште по секси допринесува неговата фризура. Овој 41-годишен актер е се поуспешен, а неговите филмови успеваат да заработат и до две милијарди долари.

dvejn

 

4) Џејсон Стејтам

Англискиот секси актер Џејсон е најпознатиот филмски убиец и опасен човек, а покрај тоа е познат и по својата “опасна” фризура. Со својот секси изглед и англиски шарм успеа да ја заведе убавата Роси Хантингтон Вајтли која е 20 години помлада од него.

dzejson

 

5) Брус Вилис

Кога беше на врвот на својата кариера во средината на 80-тите години на минатиот век, Брус Вилис почна да покажува знаци на ќелавост, а до 1994 година почна смело да ја носи својата нова фризура. Иако има речиси 60 години, Брус се уште е најсекси маж во Холивуд.

brus

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top