„Германија ја поддржува европската перспектива на Скопје“. Во овој стил грчките медиуми пишуваат за посетата на германскиот министер за надворешни работи Вестервеле на Скопје. Тој вчера пристигна во Македонија и се сретна со претставници од државниот врв на Македонија и со членови на опозицијата.
– Германија ја поддржува европската и евроатлантската перспектива на Македонија за што е потребно да исполни услови кои важат подеднакво за сите – ја пренесува весникот „Имерсија“ изјавата на шефот на германската дипломатија.
И весникот „Етнос“ е на истата релација, додавајќи дека германскиот дипломат истакнал оти е потребно да се најде решение за името за да има напредок во процесот за пристапување на Македонија кон Унијата.
„Експрес“ од посетата на германскиот министер на Македонија во насловот го извлекува неговиот повик да се реши политичката криза во земјата. Весниот пишува дека Вестервеле ги повика политичките сили во Македонија како приоритет да си ги постават националните интерес и да покажат подготвеност за компромиси и флексибилност за да се реши политичката криза во земјатата.
Грчките медиуми го пренесуваат и неговиот одговор на прашањето дали Македонија во јуни ќе добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, при што Вестервеле рече дека не сака да прејудицира и оти птво ќе го почека извештајот на Европската комисија за земјата кој се очекува да биде објавен во април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грчки медиуми за состанокот во Солун: Ќе се дели ли Скопје?
-
Грчки медиуми за документите на ЦИА: Русија сакала обединета Република Македонија со Солун
-
Грчки медиуми: Опозицијата одбива да ја признае победата на Груевски
-
На Грците не им е сеедно: Груевски не ги менува позициите и има висока европска поддршка


