Ноќеска е извршена тешка кажба во поштата во скопската населба Маџари на улицата „Благоја Стефковски“. Разбојниците украле сеф и торба со монети.
Полицијата денеска информира дека ноќеска околу 4 часот и 30 минути е забележано возило марка „фиат фиорино пикап“ со скопски таблички кое откако го видело полициското возило почнало да се движи со голема брзина по што возачот избегал.
Во возилото е пронајден сефот и една торба со монети. По преземени мерки констатирано е дека истата вечер на паркинг на булеварот „АВНОЈ” било одземено возилото со кое е извршена кражбата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)