Верувале или не, мнозинството двојки во просек љубов водат два до трипати неделно. Меѓутоа, статистиката варира кога се во прашање различни генерации, но и различни карактери, сексуални темпераменти, па дури и нивото на сексуални хормони во крвта.
Како што тврди њујоршкиот уролог Хари Фиш, дваесетгодишниците се трудат да имаат секс секој ден (некогаш и по повеќе пати) додека нивните врсници во постојани врски најдолго можат да издржат три дена без размена на нежности под чаршавите. За разлика од нив, луѓето измеѓу 30 и 50 години во просек имаат секс еднаш до двапати неделно, а оние оние постарите вкупно неколкупати месечно.
Колку често ќе имате секс не зависи само од годините, туку и од должината на врската. Двојките кои се долго заедно, а особено, ако имаат мали деца, едноставно не наоѓаат време за да ги задоволат своите страсти. Сепак, без оглед на се’, оние кои се во брак имаат повеќе секс отколку момците и девојките кои се сингл или често менуваат партнери.
– Некои луѓе поретко водат љубов од другите, но без оглед на тоа се среќни како во љубовта, така и со самиот сексуален чин, кога ќе дојде до него. Она што е важно, за здрав однос меѓу партнерите е да имаат слични сексуални апетити. Сепак, доколку дојде до тоа потребите и желбите да не се совпаѓаат, сето тоа може да се усогласи со комуникација – смета Фиш.
Што се однесува до траењето на сексот, на просечната жена и е неопходно од пет до седум минути пенетрација за да достигне оргазам. За жал, дури 45 отсто од мажите не успева да го следат овој ритам и целата работа ја завршуваат за две минути пред партнерката да успее да сврши.
Исто така, некои мажи се екстремни на целосно друга страна, па им се потребни и по 45 минути за да стигнат до врвот, што повторно за многу дами неодговара.
– До овој проблем доаѓа поради премногу гледање порнографски филмови. За тие мажи ’обичната жена’ повеќе не преставува стимуланс, па му е неопходно многу повеќе време за да се задоволи, што за неговата партнерка најчесто е многу болно. Повременото гледање еротски филмови е в ред, но премногу мастурбација на вакви содржини може да штети – смета докторот.
Значи, ако ве загрижува сексуалниот живот, водете се не според другите луѓе, туку според сопственото задоволство и задоволството на саканата личност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.