| четврток, 6 декември 2018 |

Три години затвор за „Лепак“

струмицаПоранешниот претседател на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица Стојан Лазаров доби три години затвор откако се спогодил со обвинителството во случајот „Лепак“. Како што ексклузивно објави Press24 тој и останатите обвинети во големиоп случај за криумчарење текстил преку граничниот премин Ново Село, ја признале вината.

Второобвинетиот цариник прифатил да одлежи две години и седум месеци затвор, додека за останатите обвинети цариници казната изнесува 2 години затвор. За лицата кои беа осомничени за криумчарење на стоката казните се движат од 6 месеци до 18 месеци затвор.

Со овој судски случајс е постигнува своевиден рекорд. Завршен е експресно за помалку од 90 дена. Акцијата Лепак на граничниот премин Ново Село кај Струмица беше спроведена на 8ми амрт годинава. Тогаш МВР уапси 14 лица од кои 7 вработени во царината. Одговараа за шверц на текстилна стока која ја набавувале од Бугарија и Грција и која преку овој граничен премин стигнувала до голем број струмички текстилни продавници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top